единствен (прид.) - што (зам.)

Единствени што сме способни да го согледаме себството, како Целина, а не како дел од групата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Отсекогаш знаев дека најголемите изненадувања нè очекуваат токму на местото каде што конечно би научиле дека ништо нѐ не изненадува, разбирајќи под тоа да не се вџашуваме пред нарушувањата на поредокот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Знаеш, - ми објасни, - Чавка многу ја сака баба си, таа му е единствената што ја има. Сите други му се испоумрени.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Единствени што навистина веруваат во фантоми се самите фантоми, како што тоа го потврдува прочуениот дијалог во галеријата на слики.** Ако во било кој поредок на фантастичното би го постигнале тој степен, Теодор веќе не би бил единствениот што застанува неподвижен, кутра животинка, посматрајќи го она што сѐ уште не знаеме да го видиме.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И секогаш ја почнуваше истата песна, единствена што ја знаеше: „Мори, пијан идам од града, Велико мори, Сретнав моме в ливада Сен ѓузел, Вецо, на коњ трева береше...“
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)