единствен (прид.) - вид (имн.)

Ова е она што Ахил најпосле го открива за себе, откако ќе го убие Хектора во пустиот обид да ги искупи сопствените погубни грешки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто таквото симболично обесштетување е единствениот вид на обесштетување што можат да го очекуваат за она што, најпосле, е непоправлива и ненадоместлива загуба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во случајот со геј- субјективитетот, овој рефлекс на откажување се пројавува во поинаков облик: единствениот вид субјективитет што се квалификува за „сериозна“ лезбејска и геј- анализа е оној што може безбедно да се теоретизира во регистарот на психоаналитичката апстракција.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, токму затоа што ништо нема да им ја надомести загубата, зашто ништо на светов не соодветствува со она што ужаленото и гневно семејство го сака, затоа што ништо што би сториле (ниту одмаздата) нема да биде доволно за да им се преведат чувствата во соодветен облик на личен и јавен израз, ете токму затоа можат да се согласат – колку и да е тоа неволно – да се помират со чисто симболично обесштетување (во вид на пари).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Петрушевски; кај Халперин анг. прев. Lattimore) Беседичката на Ајант за институтот крвнина истакнува дека човековата општественост зависи од одржливоста на трансакциите што не ги изразуваат чувствата на општествените дејци, туку дека само ги претставуваат, ги симболизираат или инаку ги вообличуваат. ‌Зашто, ако семејството на некој убиен маж прифати откуп во пари од убиецот и, во замена за тој износ, се откаже од секаква надеж и од секаква намера да се одмазди, тоа не е затоа што зделката емоционално ги задоволила ужалените роднини ниту затоа што парите им ја надоместиле загубата, а камоли затоа што им го оживуваат убиениот роднина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Комбинацијата од шопинг и комодифицирана рекреација во суперпродавниците и тематските трговски центри создава различни облици на псевдо-јавни места.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Трговски центри го заменија градскиот плоштад, но постои значајна разлика во нивната функција: „За разлика од старите градски плоштади, кои беа и сѐ уште се места на дискусија на заедницата, на протести и политички собири, единствениот вид на говор што тука е добредојден е маркетиншкиот и другите видови на потрошувачки жаргон.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)