единствен (прид.) - задоволство (имн.)

Шахот му беше единственото задоволство и трепереше од возбуда кога играше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Наместо да си го славиме особениот субјективитет, своите единствени задоволства и карактеристичната култура, за нивна сметка сме постигнале геј-гордост. ‌Кога, на пример, велам дека сум геј – кога се „идентификувам“ како геј или кога го обелоденувам својот геј-„идентитет“ – усвојувам идентитетски заснована стратегија, создадена од самата политика на идентитетот, за да се справам со општествената различност што мојата сексуална различност ја предизвикува во хетеронормативниот свет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не сум убедена баш дека е така, па побрзав да дадам објаснување, не толку од искуство колку од страв да не ни биде укинато единственото задоволство за кое не мора да плаќаме, барем сѐ уште, а да биде поради здравствени причини, а со тоа и оправдано.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)