единствен (прид.) - случај (имн.)

Но ако веќе дошло до тоа да се земе ризикот што го носи секое доверување, тогаш треба од помагачот да се бара нешто повеќе, да не се испушта туку-така можеби единствениот случај, особено ако биде нужно и добро да се плати.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А тој вели: Баџолет, шала на страна, тоа со Чечените е единствен случај театарските штици живот да значат.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Зошто се случило ова? Како историчар знам дека тоа не е единствениот случај на крајот од Војната, но секој случај си е и посебен и поврзан со одредени околности и со одредени луѓе.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во текот на целиот ден тој не беше во канцеларија (единствен случај во неговиот живот).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)