единствен (прид.) - спас (имн.)

Дури и одбиваше да ја примиш последната доза од пет апчиња, а јас се карав со тебе и упорно те молев, мислев дека хемотерапијата е единствен спас што ќе ти помогне и ќе ти го продолжи животот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Пливаше, гребеше, се влечкаше само да стигне до брегот кој ѝ беше единствен спас.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако го довршам пронајдокот, тој може да биде единствениот спас.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мора да продолжи да чекори, оти чекорењето е единствениот спас од студот и само со тешкото подигање на нозете низ снегот крвта продолжува да тече низ нив со потребната брзина.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И тој, како и Татко, фанатично веруваше дека единствениот спас за нив и за нивните семејства, по сите пропуштени шанси во нивните ветувачки кариери, едниот во Цариград, другиот во Париз, нивната последна утеха, беа книгите, само со нив и во нив се чувствуваа како победници со неостварени илузии. И само книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)