единствен (прид.) - универзитет (имн.)

Беше подготвен да го слуша цела ноќ, но во кажувањето на вујко Али Фети имаше цела стратегија Татко да се придобие да се приклучи кон семејната традиција да стане нов кадија во Република Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој ми стануваше вистинскиот, можеби задоцнет и незавршен, но единствен универзитет, каков што го немаше никаде во светот, единствен, каков што беше и самиот негов живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Времето брзо минуваше. Татко имаше чувство дека присуствува на автентичните, неповторливи часови на еден единствен универзитет, од човекот кој му беше и толкувач и протагонист во историјата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)