единствен (прид.) - цвет (имн.)

Единствен цвет што проникна во мене Лесно, освојувајќи ја сета моја љубов... Енергија, непресушно што ми дава...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Како и да е, во ноќта за која зборуваме Ѓошо Савев заспал со прекрасното разбирање за „пепругата - душа“ што претпочита да лета поттикнувајќи ја во размислите претставата за единствениот цвет во природата кој може да си го менува местото и положбата и да се лулее во воздухот без помош на ветерот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Да не мислиш дека првиот Адам во Рајот можел да уништи еден единствен цвет или страк трева? – Не сме во Рајот – се заинаети момчакот. – Овде, под месечинава, сè е смртно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ти велам дека розата е вечна и дека само нејзиниот лик може да се смени.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)