единствен (прид.) - ќерка (имн.)

Видов како онаа меѓу вас која прва ме прими во својот дом си ги прегриза усните од жал и подавајќи ми леб и вода, со својата топла и мека рака ја допре мојата, жилаво старечка и растреперена. ’Татко, до кога ќе луташ?‘ ми прозборе. ’Немаш свој дом, главата и брадата сосема ти побелеле од последниот пат кога те видов, а телото ти се смалило под товарот на годините!‘ Трогнат од милоста во нејзините зборови, тогаш ѝ реков: ’Вистина е, единствена ќерко моја, јас страдам, но се радувам!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Го нарекоа Али Ахмед, ги зеде за жени Мунивер, единствената ќерка на Мусли бег, и жената на Арслан бег, некоја потурчена Гркинка, и заедно со нив, за да биде што подалеку од Дамческите, зашто можеа да го убијат за одмазда, се пресели во битолското село Чаирлија, таму да господари со чифлигот што му беше ветен на Арслан бега.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пуста стројница! Колку бргу, со какви зборови и со каква леснина го саштиса таа ресенскиот момок за момата, единствената ќерка на Попставревци...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)