единствен (прид.) - негов (прид.)

Што друго да правам - итно ја напуштив терасата, за да го избришам единствениот негов впечаток од Будимпешта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Како да биде секогаш далеку од единствените негови блиски?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, првото, што ќе го видеше секој на тоа лице, беше токму онаа единствена негова добрина на погледот, пред која секој мораше да се посмевне, да се отвори, иако таа во себеси криеше и нешто многу диво, нешто многу просто и сериозно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури тогаш се покажа женското суштество, што покрај дедо Иван ја обитаваше оваа куќа, единствената негова ќерка, веќе стара мома од близу четириесет години, мала и спечена, со добродушно и виновно усмевнато лице, малку дури поцрвенета, срамлива.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)