еднаков (прид.) - исплата (имн.)

10 При воведувањето на еднаква исплата за еднаква работа останува недоречено и нејасно дали овој еднаков третман (освен при исплата на платата) се однесува и на исплатата на разните дополнителни додатоци кои (согласно закон и колективен договор) би можеле да им бидат исплатени на работниците како на пр. додатокот за деловна успешност на работодавачот!?; б) измени беа направени и во постоечкиот чл. 8 од ЗРО кој ги регулира исклучоците од забраната на дискриминација со тоа што овој член беше дополнет со два нови става кои предвидуваа дека работниците кои го имаат склучено „атипичниот“ договор за вработување на определено време не смеат да се третираат на понеповолен начин од работниците на неопределено време, освен ако таквиот различен третман е оправдан од објективни причини!?
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Претходните 11 области сега се намалени(!) на 7 и тоа: (1) пристап до вработување, вклучувајќи унапредување и стручна и професионална обука во работата; (2) условите за работа; (3) еднаква исплата за еднаква работа; (4) професионални шеми за социјалното осигурување; (5) отсуство од работа; (6) работно време и (7) откажување на договорот за вработување (чл. 3 од ЗИДЗРО/септ.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ваквата нова формулација внесува низа на нелогичности и пропусти кои може негативно да се одразат врз правото на заштита од дискриминација на работникот, бидејќи посебно проблематични се областите „услови за работа“ и „еднаква исплата за еднаква работа“.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)