еднаков (прид.) - право (имн.)

Ако, поради промена на работодавачот, од објективни причини се влошат правата од договорот за вработување и работникот затоа се откаже од договорот за вработување – работникот има еднакви права, како да го откажал договорот за вработување од деловни причини.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тие сметале дека во случај „Македонија навистина да е независна, бугарскиот отпор кон оваа солуција можеби не би бил голем, особено по изгубената војна“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како прва ја наведуваат „изворната солуција застапувана од ВМРО“, која била за „независност на цела Македонија, базирана на еднакви права и во однос на сите нејзини жители, без разлика на нивната раса“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа не може да служи за заеднички литературен јазик на Бугарите и Македонците, зашто не може духовно да ги обедини врз еднакви права сите три спомнати области.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)