езеро (прид.) - птица (имн.)

Во Крапиштето направи колиба колку да се заштити од дожд и ветер и да се замаскира од многубројни езерски птици што тука живееја.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Крај нив на брегот и по целото езеро, прелетуваа и гракчеа разни езерски птици: галеби, пајки, гузи, норој, лажичарки, лиски, ибиси, шљуки, лопатарки, нуркачи, чапји, превезани и други; кружеа во јата, шуштеа со крилјата низ воздухот и се спуштаа на езерото, се смируваа за миг и потоа пак се креваа нагоре или се префрлуваа од едно на друго место во езерото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)