езерски (прид.) - бран (имн.)

Истоштена снага се заниша како езерска трска под ударите на ветерот и езерските бранови ... дури тогаш од душата ѝ се откорна некаква тажалка - де молитва, де клетва...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Самотија. Питомина и тишина. Одвај чујно, туку-речи, лижејќи го карпестиот брег, плискаат езерските бранови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Само езерските бранови, старите семејни бранови, ми беа единствените пријатели во просторот, само тие ме водеа кон среќните архипелази на некогашното постоење на овие простори.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не мислеше ништо, не слушаше шум, а земјата под него се лулееше како езерски бранои; му се стори како да се наоѓа на каик, а модрината на топлата летна ноќ му се причини како лесно разбуричкани води на мирното езеро.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тој одново усети дека се лулее на езерски бранови и клепките му се склопија, тешки како налеани со олово.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Лудо удираа езерските бранови подгонети од здивени ветришта.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)