езерски (прид.) - брег (имн.)

Иако згрофнат, пашата почна по време, во тивките, топли вечери, кога сонцето наливаше злато во охридските води, да излегува од сарајот и да се спушта по стрмните камени скали до езерскиот брег.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ама пред да го одведат народните одмаздници, пред очи на гладните дечиња му ја заклале козичката, го пратија во Отешево - за казна - камен да крши, со игла да го мери, а јас, будалиот, како што сте вие сега, кои мислите како што мислите, со шмајзерот вперен во неговиот тил, го терав посилно да удира со барјето - 12 кила тешко, и му бранев да гледа долу кон езерскиот брег, каде се мезеше народната власт.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Наоколу е Балканот. Се наоѓаме на езерскиот брег.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Настојував, колку што ми беше моќта на пишувањето и поврзаноста за Езерото, да ги сторам привлечни за славни поети, писатели.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се формираше крај езерските брегови еден вид Поетска Република во која поетите откриваа вистински пристан во нивното враќање од егзил, кое најчесто не можеа да го остварат во нивните земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)