езерски (прид.) - вода (имн.)

Како да извираше и како да се креваше од бистрата, мирна езерска вода со безброј чисти, светли души - утрото заигра во воздухот, се крена над стариот град, стегнат од сите страни со дебели ѕидови за миг го искапи, го осветли и го оживеа со својот трепетен сјај.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но, зарем не ме учеа и дека личноста е како езерската вода, која штом ќе се заграби, се разбива на многу капки, на мноштво води, од кои секоја самостојно истечува, заминува од допирот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Уште чекор, два и крај, до езерските води до границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Синот III Ова зајдисонце го затечува во изненада твоето лето крај езерските води.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Имаше големи, сини очи Марин Крусиќ, посини од езерската вода, меки чизми со реси, панталони набрани под колената и топла пелерина малку непотребна за овој дел од годината, и за ова поднебје, но сето тоа уште на прв поглед го издаваше неговото дубровничко потекло и работата со карваните што пренесуваа восок и волна за Леш и други градови во Албанија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
По рибите, стаса поморија по добитокот, по ајваните; заболените добичиња и живинчиња: телињата, овчичките, козите, кокошките, лизнуваа од езерската вода како од иљач и - или оздравуваа, или со капките в уста умираа; лежеа така додека луѓето не ги кренаа и закопаа или додека чакалите и другите мршојади не ги исчистеа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Татко ми вели - колку да веслаш кајче божилакон сѐ си бегал понатаму и најсетне згаснувал во езерските води!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И така сторила. На први петли станала, од котлето си потурила од езерската вода, се измила, чиста шамија си врзала, пред икона се прекрстила и молитва си кажала.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Кога ја минале ливадата зашлапкале во езерските води и - застанале - нема ниту едно кајче за да завеслаат накај божилакот...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Но најстрашното за нас, малите деца, беше фактот што чудовиштето-граница се криело длабоко во езерската вода и никогаш никој не го видел.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Каков ден, убав ден! Уште не беше толку топло за да се влезе во студената езерска вода, барем за луѓе на нивна возраст.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
6 Во окото на камерата се сместени крајбрежните трски, мирнотијата на водата, мноштвото јата од разновидни птици, островот Свети Ахиљ и ѕидовите на големата, некогаш прекрасна катедрала во која се молел царот Самуил и неговите воини, високите езерски камени бели брегови во кои сѐ уште се сочувани пештерските црквички и келиите на калуѓерите- испосници и иконата на Света Богорица насликана на карпа сто метри над езерската вода.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Рајските предели на Езерото” (во книгата езерото се пишува со голема буква), бистрата рекичка што бучно се влева во него и што всушност извира, односно истекува од него, јагулите коишто се провлекуваат и во речните и во езерските води, заминуваат, само Господ знае каде, и се враќаат, којзнае како!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
IV Татко сакаше да појдеме од бистрата изворска вода која се влеваше во Езерото и која како ’рбет го означуваше патот сечејќи ја невидливата граница, што ја поставуваа и преместуваа луѓето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Најмногу страв ни влеваше легендата според која на самата граница на Езерото, длабоко во езерската вода, бдее голем подводен змеј кој се појавува секогаш кога се минува границата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)