езерски (прид.) - земја (имн.)

Трепери пламенчето на свеќата и стоејќи вгледан во рамницата, ми се чини дека допираат до мене бучавата на авионите, тресокот на бомбите и гранатите, свирежот на куршумите, мирисот на напалмот, врисокот на стотиците очајници кои биени од небо и земја, газени и толчени под тенковските гасеници со последната издишка трчаа по оваа последно мало крајче од езерската земја со надеж да се фатат за последната сламка за спас на животот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Имаше меѓу нив славни риболовци и ловџии, најдобри познавачи на речиси секое катче на езерската земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Со залезот на сталинизмот од езерската земја, по историскиот судир помеѓу Тито и Сталин, нѐ зајде и неговиот дух.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нивната умешност и дарба и голема љубов кон езерската земја, успешно се спојуваа со умот и знаењето на Игор Лозински.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ноќта народот полегна на бреговите на Езерската земја А кога се разбуди забележа мирис на исгорено жито И многу смолница и планина скршена од магли.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)