езерски (прид.) - шир (имн.)

Заодот на сонцето остави вжештен црвен вресок на небото и оѕверен одблесок врз површината на езерската шир.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Поради челичниот одблесок на езерската шир и ненавикнатоста на очите, мракот сѐ повеќе и повеќе се втестуваше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Гледаа до каде бранчињата го отиснале чунот на езерската шир и дали доволно се избегани од селото каде што понекогаш во утринската тишина ќе ја чуеја камбаната која огласуваше нечија смрт.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Езерската шир изгледа уште покристална, додека ја сечат клуновите на кајаците едноседи, двоседи и четвороседи. Како да се наоѓаме на некој полинезиски остров.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И преминот во ангел се случи лесно, како на ембрион што се ослободува од својата извонредно нежна мембрана (иако внатрешната вода малку се наоблачи) и се испилува од кожурецот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Онака висок и малку подвиен, рус, со високо потстрижена коса и со сини очи, ми ја заклонуваше глетката кон езерската шир.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ја обожава глетката на испарување на езерската шир.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ако е речено, од Господа благословено и од светиите поткрепено од ровката земја сѐ нешто ќе из’рти, ќе пркне, ќе ботее, ќе класа, ќе дрочи, ќе зрее - песна ќе се слуша низ домата, низ селото и над Езерската шир.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ледено спокојство. Езерска шир. Тишина. Скаменет мир.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Впрочем кога човек ќе истурка еден сонувачки век Најнакрај има право малку и да се разгаќи Да ги пушти соновите да се нишаат по езерската шир И да ги крепат охридските маратонци А и другите пливци и скокачи во водени сонови
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Продолжи да гледа во бистрата вода која се оддалечуваше во езерската шир.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)