економски (прид.) - интерес (имн.)

46. Другото нешто што се бара од нас е да се обрнеме кон нашите браќа што војуваат во татковината наша да го положат оружјето за да им се даде возможност на Русија и на другите сили да ги преземат сите мерки што зависат од нив за да се задоволат сите наши религиозни, национални и економски интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Имено, Франција имала сразмерно најголеми економски интереси во Турција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Маската на либералната демократија најдобро паѓа кога суштинските економски интереси на капиталот се загрозени!
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во однос на економскиот интерес, ќе истакнат дека "Бугарскиот основен економски интерес во Македонија лежи во добивањето погоден излез на Егејското Море кој, како што истакнуваат Бугарите, бил затворен за нив пред 1939. поради непријателството на грчките власти.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во меѓусебните распределби на територии ГОЛЕМИТЕ, пред сè, биле водени и раководени од своите економски интереси, политички цели, територијални аспирации, не водејќи сметка за интересите на „малите“ народи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во овој период за таквиот негов однос големо влијание имале изолационистите, во чии редови се наоѓале главно Американци од германско, ирско и скандинавско потекло.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Помалите држави обично имаа легации (претставништва) на чело со т.н. министер или конзули (кои биле задолжени за економските интереси). 10 The Foreign Relation of the United States scries, во нив нема голем број документи коишто се однесуваат на американската политика спрема македонското прашање. 11 Термин од меѓувоениот период со којшто се означувал регион каде што судирите и насилството биле вообичаени, сиромаштијата била правило и каде што населението напросто не било подготвено за западните идеали на политичката култура: регион во којшто „ориенталниот“ карактер на Турците ги одзел европските вредности. 14 Во својот втор претседателски мандат (1937-1941), Франклин Делано Рузвелт поголем дел од својата државничка дејност ја посветил на внатрешната политика, а интересот за надворешната политика бил во втор план.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, тие сметале дека "грчкиот економски интерес е голем.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Можеби е точно дека Бугарија ќе најде пазари за своите производи само во Централна Европа, но додека во светот се врати слободата на меѓународната трговија, Бугарија ќе има потреба да увезува стоки од прекуморските земји.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Несомнено дека Солун, отсечен од северните граници на Грција од големиот дел на Македонија од 1918. не напредува, иако неговите економски тешкотии мора, исто така, да им се припишат и на војната од 1914-1918, поразот во Мала Азија и светската економска криза.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За разлика од САД, британските политички и економски интереси во земјите на југоисточна Европа непосредно пред и по Втората светска војна не можеле да ја остават Велика Британија незаинтересирана за судбината на тој дел од светот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во околина во која, од една страна, сопственоста станува сè поважна, а од друга, нашиот економски интерес се поместува од објекти кон информации, домот веќе не е дефиниран со географски координати, туку со пристапната патека во информационата мрежа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)