експлицитен (прид.) - хомосексуален (прид.)

Во согласност со трендот на растечките сексуални слободи, Ворхол од бакнувањето (Kiss) преку голотијата (Sleep, 1963., шесточасовна снимка на гол маж кој спие, Haircut, 1963, каде за момент се гледаат машки гениталии и доцните Nude restaurant и Lonesome cowboys, 1967, каде што се јавуваат голи протагонисти), отиде до дегутантна скатологија во склад со општата тенденција на рушење на табуата (најдалеку во The loves of Ondine, 1967) и до самото порно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Имено, во Vinyl, 1965, е изведен садо-мазохистички ритуал, а во Couch, 1964, околу каучот во Фектори дефи­лираат голите претставници на андер­граунд сцената, покажувајќи се во различни пози, меѓу другите и Ален Гин­зберг, Грегори Корзо, Питер Орловски, како и Џек Керуак; филмот содржи и порнографски сцени, па и експлицитен хомосексуален фелацио - тогаш сè уште незамислив за порно филмовите што почнаа да пристигнуваат од Европа - и не беше наменет за јавно прикажување.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)