енергичен (прид.) - мерка (имн.)

Но настаните во Македонија и постојаните посети од Маклин и укажувањето за територијалните аспирации на македонското политичко и воено раководство, а кои не биле во интерес на британските долгорочни воени цели во однос на Балканот, го принудиле Тито да преземе енергични мерки во однос на настаните во Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ако неколку или сите пропаганди се спротивстават на тие наши барања и настојуваат во училиштата и црквите да се изучуваат и поминуваат само јазиците на пропагандите, тогаш да се преземат општи и енергични мерки против сите и религиозни и национални пропаганди во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)