естетски (прид.) - систем (имн.)

Убавината ја третира како темелно устројствено начело на светот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бескомпромисно ја брани естетската автономност на секој културен артефакт што смета дека вреди да се преземе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да се опише содржината на една форма или значењето на еден стил е многу различен потфат од потфатот да се објасни содржината на некој исказ.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но она за што се работи, она на што упатува, не е ништо друго освен самиот тој, ништо освен неговата вредност во рамките на внатрешно доследен, формален систем на значење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Краткото затемнување и следователното откривање на лицето на Џоан Крафорд со сенките од венецијанерите не е некаква пропозиција во некое тврдење, туку состојка на стил.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Значењето што го има произлегува од неговата функција во рамките на еден цел естетски систем, кој самиот е нерепрезентациски, во смисла на тоа дека во него не се работи за ништо друго освен за самиот него. ‌Накратко, еден стилистички елемент не е без значење, односно од него не отсуствува значење – тој е за нешто, упатува на нешто.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оттука, инсистира секој предмет поединечно да го гледа во естетската рамка на самиот предмет, како естетски склоп, како ефект и израз на интегриран естетски систем.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)