етнички (прид.) - припадност (имн.)

Има многу наши од преку граница, од вашата ревизионистичка Југославија, наши бре, од иста етничка припадност и вера, пардон националност, кога ќе дојдат овде во татковината – мед и млеко откриваат, рајот го гледаат, некои и до Водачот стигнуваат, а кога се враќаат, друга песна пејат. Мизантропи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дали има некои класични „геј“- дела што, и покрај промените на вкусовите и на генерациите, СИТЕ геј- мажи, од секој сталеж и од секоја раса и етничка припадност, треба да ги знаат за да бидат геј?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За разлика од припадниците на малцинските групи определени според расна и етничка припадност или според вероисповед, геј- мажите не можат да сметаат на тоа дека семејствата во кои се родиле ќе ги научат за нивната историја и култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Никој не треба да биде дискриминиран или омаловажен заради некои свои посебни карактеристики, како бојата на кожата, религијата, националноста, етничката припадност.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не престанаа по падот на Отоманската Империја масовните прогонувања и преселби на народи од различна верска и етничка припадност.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ја зближуваше со нив не само заедничкиот албански јазик, етничката припадност, туку и судбината на заминувањето, а со различните вери, само си ја зацврстуваа љубовта кон заедничкиот Бог што постоеше во природата на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во чл. 3 се наведуваат основите по кои се забранува директна и индиректна дискриминација (пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална и телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба или која било друга основа која е предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор), а во чл.4 е дефинирана примената во областите кои овој закон ги покрива.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)