жеден (прид.) - човек (имн.)

„Делкај цела ноќ“, и тој делкаше сега со показалецот на среќа, но сето тоа беше напор на жеден човек што цеди капка вода од сува земја.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Чудна радост ѝ го озари лицето, како одвај да чекала да напои жеден човек.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ако за жедниот човек само водата е среќа, таа изгледаше среќна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По многу време, учејќи дека уните не се надеваат, осознавајќи дека позанимлив станува разговорот порекинат од ветрот – почиста станува и мислата: никогаш нема да се возобнови ништо што не било меѓу нас: заборавот ќе нè заобиколи, прозорците ќе се затворат сами, а ти, скриена во некој збор, одново ќе се покажеш зашто јас не те измислувам – јас тебе те откривам: ведро ѕвездена вода за еден жеден човек до век!
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)