жежок (прид.) - време (имн.)

Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И каменот оживува на жешко време, вели, само тревата се суши, друго сѐ оживува на горештина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Лежам така префрлен со умот, а Бошко од Сувогрло само си кажува за некаде: - Врвиме, вели, крај еден напуштен логор, вака колку до нужникон надвор, а едно жешко време, вели, секакви творчиња оживиле.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бидејќи жешкото време траело, а поројните дождови продолжиле да паѓаат, таа почнала да рие и да длаби во снегот и мразот и тогаш со громогласна врева го скршила оклопот од мраз.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од југ, од топлиот Егеј, дошле благи ветрови што донеле жешко време и реки од дожд, нетипични за тоа годишно време.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А едно жешко време беше згазило: еден припек те удира озгора, а друг те начекува оздола.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)