жежок (прид.) - летен (прид.)

Неколку години потскокнуваа како жаби, а во жешките летни денови го бараа татко си што седеше под јаболкницата, ги ладеше со свои-те крилја и им раскажуваше диви, ѕвездени сказни за облаците-острови, за небесните океани, за превезите од магла и ветер и за тоа како вкусот на ѕвездите ти се топи на јазикот, како прилега тоа кога како камче паѓаш од Монт Еверест и потоа се престоруваш во зелен цвет, кога крилјата ти се расцветуваат еден миг пред да го допреш дното!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Михаил Зошченко АРИСТОКРАТКА
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, за светот таа е повеќе позната по своите природни убавини, по широкото и недогледно море, со бескрани песочни плажи што се шаренеат на жешкото летно сонце и се преливаат во своевиден златен спектар...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Беа жешки летни денови, но свежи ноќи. Кога се потпре со грбот на каменот, почувствува дека е уште топол од дневната горештина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Чакарвелика беше излезена со плетало во дворот од анот да ги попечи коските на жешкото летно сонце.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Жешките летни денови минаа. Времето врвеше...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)