железен (прид.) - завеса (имн.)

Европа беше поделена. Подоцна се извиши и Берлинскиот ѕид како најголема граница на Европа! Беше спуштена железната завеса.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Колку и да се сакаше, по отворањето на земјата и десталинизацијата, козјото прашање, нецелосната и неуспешна колективизација, да се потиснат на втор план, особено по раскинот помеѓу Тито и Сталин, со исклучувањето на Југославија од источниот лагер, со свртувањето кон Запад, во земјата позачестено доаѓаа новинари за да видат што се случувало зад „железната завеса”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Штом ја преминав границата, цариниците на културата почнаа грубо да лепат врз мене идентификациски етикети: комунизам, Источна Европа, цензура, репресија, железна завеса, национализам (Србин или Хрват?) - истите оние етикети од кои во својата земја успеав да ја заштитам својата литература.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Навикнав странците да ме прашуваат како ми е зад „железната завеса“, срдечно да ми објаснуваат дека биле во мојата Југословакија и дека нашиот главен град Будимпешта е прекрасен.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)