железен (прид.) - мост (имн.)

- Ангелија седи кај железниот мост.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Какви макети, драги мои! Изградивме вистински железен мост!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Вилата на Ниротакис беше во непосредна близина на неговата фабрика за текстил во Дренок; по неколку метра од оградата на фабриката требаше да се мине стилизираниот железен мост преку реката и веднаш, на аголот од левата страна на мостот, се простираше убавото здание среде густ овоштарник обрабен по страните со два реда лозници.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И веќе се на железниот мост. Сребреното платно на реката се расчеснува од столбовите што го крепат мостот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)