железен (прид.) - порта (имн.)

Калето, во кое се наоѓаше неговиот сарај, чувано добро од сите страни, со заптии и железни порти, му го креваше и погледот повисоко од сите што живееја долу, во подкалето, од сите, па и од овој ибн Пајко: но тој не беше задоволен.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не одевме долго. Низ една голема железна порта влеговме во еден голем двор и застанавме вчудовидени...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Трчавме угоре до железната порта на палатата, а потоа по џадето пред куќата во која живееше таа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Просто му ги прободе очите некрологот залепен на десниот столб од двокрилната широка железна порта, под бројот што расклатено висеше само на уште една шајка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Три железни порти! Какви порти! Пештери!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Лево ги препознаваме ниските куќарки, истата калдрма, а пред палатата прекопан е малиот паркинг, ширум е отворена искривената железна порта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)