железен (прид.) - решетка (имн.)

Низ малите железни решетки одвај се пробиваше малечко снопче сончева светлина.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Пред мене гледам наредени долги згради, со широки врати и високо мали прозорци со железни решетки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од зад железните решетки на шинтерската кола затрепери писокот на самата болка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)