железен (прид.) - шипка (имн.)

Лево и десно од улицата послана со свеж асфалт, ред стојат долги згради со сиво - бела фасада, високо -квадратни прозорци со железни шипки, големи, искривени врати.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се симна од столчето што го користеше за да може да погледне низ решетките надвор и бавно зачекори низ затворската соба, движејќи се до вратата и назад, до под квадратот нареден в долж и в шир со железни шипки, и пак до вратата, и пак назад.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И, којзнае кој ѓавол ќе им влезеше в глава, ќе се погледнеа како затвореници разделени со јаки железни шипки и со олкави солзи, ќе се изнаплачеа.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Некогаш на таа железна шипка, која сега пушташе ‘рѓа на алиштата, нивните синови се бесеа како мајмуни - уште кутрите, не беа слезени на земја.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Озгора, како од гулабарник ја гледаше старата како на железната шипка ги спружува испраните алишта - сѐ крпа до крпа, сѐ дамка до дамка.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)