женски (прид.) - движење (имн.)

Женското движење е единственото движење врз основа на идентитет во коешто напнатостите помеѓу тие перспективи станаа предмет на расправа меѓу самите учесници на движењето, иако не во потполност прифатени.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Болката во непцето од кое му биле истерани забите со удар на беговски кундак го раздразнувала и се враќала при најмал допир, и тој ја пуштил, се обидел да ја тргне главата од нејзиното рамо и веќе не знаел ја прегрнува ли или ја бута од себе; нејзините раце, како таа да барала заштита во паѓањето, останале склопени во топла алка околу неговиот врат додека топлината на женското движење му го заплиснувала издолженото лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се сопнал а можеби и сакал така да се случи, не знаел (најпосле тој трик можел да го научи во лесновската шума од неуморниот заведувач Арсо Арнаутче), паднал повлекувајќи ја и девојката со себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не бев сигурен за што точно размислуваше Роза, таму, на игранката, но забележав дека со лесни женски движења на левата рака, бркаше некоја мушичка што ѝ сновеше околу трепките, а потоа наеднаш ме погледна и речиси прошепоти: „Нели, умните ги праќаат во лудница за да ги снема, а нас, лудите, нѐ оставаат овде, да бркаме мушички. Убаво збогатување на секидневието.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)