женствен (прид.) - одлика (имн.)

Попрво, тие укажуваат на нешто друго, на нешто единствено или барем на својствено обликување на род и на сексуалност кое им е особенo на некои геј-мажи и кое допрва треба целосно да се дефинира.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако бродвејскиот мјузикл може да им биде близок на стрејт-жените на начини на кои не им е близок на стрејт-мажите, иако може да ѝ создава помалку родови неволји на својата хетеросексуална женска публика отколку на хетеросексуалната машка публика353, изгледа дека нема стрејт-женски соодветник на силно самотното, бурно екстатичното, претерано сентиментално детско искуство на мјузиклот што го опишува Д. А. Милер.354 Италијанските вдовици од Фајер Ајленд носат дрег, но не личат на жени, ниту пак имаат таква намера.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Голем број машки геј-културни практики затоа не се мажествени и женствени или „дводуховни“, а и не покажуваат баш комбинација на мажествени и женствени одлики, ниту состојба на половина пат меѓу машко и женско.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некои женски ликови кои се икони за геј-мажите им се мошне одбивни на стрејт-жените (почнувајќи од Џоан Крафорд и Бети Дејвис во филмот на Роберт Алдрич од 1962 година Што се случи со Бејби Џејн?).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)