жесток (прид.) - отпор (имн.)

Тие извикуваа навреди кон чуварите, даваа жесток отпор кога им ги одземаа личните работи, пишуваа безобразни зборови по подот, јадеа прокриумчарена храна што ја вадеа од некои мистериозни скришни места во нивните алишта, па дури му се извикуваа на телекранот кога овој ќе се обидеше да воспостави ред.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но досега не беше се соочил со ваков жесток отпор ниту во војната кога беше воен комесар, ниту во слободата како прв човек во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со исклучок на бугарскиот гарнизон од Прилеп кој стапил во борба против Германците, другите бугарски окупаторски единици им давале жесток отпор на силите на НОВ и ПО на Македонија, а додека поголемиот дел од нив се предале на Германците.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Падна Копанче, но двесте метри од него, жесток отпор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ваквата програма (блиска и на руската политика – заради други цели и интереси) навистина сретна жесток отпор од страна на Организацијата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)