жив (прид.) - дел (имн.)

Единствениот жив дел од главата на поп Аркадија беше една црна мува, ѕунѕурка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Блиска рода нигде немам, ни при живи дел да земам: Немам либе...
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Братот, на крајот, виде-невиде, конечно се откажа од составувањето на семејното стебло по Мајкина линија, поради непремостливата тага што ја обземаше Мајка кога се сеќаваше на мртвиот и на живиот дел од своето семејството преку границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Секое од нас децата во различни периоди од нашите животи си имавме свој жив дел во татковата библиотека.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)