жив (прид.) - дете (имн.)

Ами ете, кога човек мисли оти а ватил рибата, она — прц! — се замисли Доста, но и се утеши брзо: „Нека ми се живи децата, та ако не ми се попови снаи'“ — и погледна во Нешка да види дали и таа нешто размислува.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Какво варварство! Да се земе живо дете, да се сошие во кожа на мртовец - и тоа ќе се задуши во тоа старско детство во кое не треба да прави ништо друго освен по сопствената смрт да загорчува други детства.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Јас сум ѝ првото живо дете на мајка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поминала една жена од Четрок, подзапрела пред мене и рекла: господе, од небото паднало живо дете!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога им е празник, нешто како Велигден, Евреите фаќаат рисјанчиња и ги закопуваат во своите визби. Понекогаш и живи деца закопуваат. Не верував.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Порано, барем работата ја одржуваше присутна за овој 40 okno.mk - грижата за живите деца не оставаше време за мисла по умрениот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тогаш живите деца се заветуваа да студираат медицина, да ѝ бидат на помош на мајка ми, на семејството.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Да беа живи децата, велам, и тие ќе плачеа за кучето, како тоа што плачеше за нив кога ми умреа, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некои многу што спремаа, живо дете в раце не кренаа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)