жив (прид.) - рана (имн.)

Тука ноќта незапирливо расте и згуснува како крв на жива рана.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Од највисоката гранка на белата муренка црната птица уште еднаш ги пребројува мртвите тела кои пловат по маночо и живите рани обложени со вистински воздишки.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
И да не мислите дека ќе имате оправдување во борбите што ги водевте, во крвта што ја пролеавте, во живите рани, во лузните и во страдањата...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На нозете му се нафрлиле живи рани, сараџи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Сите патишта ми биле препречени, мајко! - Знам - така било пишано - и на Ѕвезда моја, и на тебе - а од пишаното никогаш не можело да се избега - Знам, и тагата ти била чемерна - наживо жива рана те горела.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Потоа живите рани го начнале месото и на другите од куќата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ене го проклетникот. Тој сам ќе си ја стави главата на тепсија пред Калпаковата тајфа.“ „Тој не е сам. Погледни, оној со него е...“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знаев дека сака да излезе на балконот кога ќе почнеше да тропка со бастумот по подот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ја преврзував, таа некако помирливо се загледуваше во живата рана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Жива рана да му се отвори, И Здравко си ја носи раната, како капче овдека, горе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)