животен (прид.) - пат (имн.)

Дали мислите се лага, што се случува на осаменик кој избрал животен пат таков на борба, но сепак мир , во секојдневен неспокој.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Имено, таму било запишано дека Костадин Дамчески, Лазор Перуноски и Атанас Јанчески Цицко, брат му на Бошета Јанчески (животниот пат на Бошета, поради една изненадна околност, уште од истата ноќ зеде друга посока, го однесе далеку од Потковицата и никогаш уште еднаш не го врати назад) скриени во житјата на реченото место го издемниле Хаџи Ташку со дружината и кога овие им се доближиле на само педесетина метри истрелале сите тројца наеднаш во нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Откако постои светот, луѓето во изборот на животниот пат се под постојано влијание, колку внатрешно, толку и надворешно.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
За другите тоа беше борба за рехабилитација, за него - нешто подлабоко, рамносметка со себе, преценка на својот животен пат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Род и роднина ми е зговорна дружина.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Меѓу нив се шеснаесетте кратки стории низ кои хронолошки е проследен животниот пат на јунакот по кој се препознава и се идентификува Македонија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Опишан круг на животниот пат. Круг - нула. Нула. Нула - непостоење.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Писмото завршуваше – „Сега, за мене постои единствена цел – да го пренесам на другите оној занес, со кој го осветливте мојот животен пат“.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
“21а ЛИКОВИ НА РЕВОЛУЦИОНЕРИТЕ Гемиџиите, велешани, тие што паднале од куршумите на аскерот по солунските улици, биле доста млади и ниту можеле ниту пак сакале да остават некакви податоци за својот краток животен пат и за својата револуционерна борба.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
42 Според ова тврдење, името „гемиџии“ било алегоричен израз за специфичниот револуционерен и животен пат што го избрале младинците од кружокот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Нема да бидам жива да го напишам мојот животен пат. Затоа ќе кажам само неколку работи...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Мојот животен пат е еден од оние на илјадниците деца бегалци од Егејскиот дел на Македонија.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Подоцна се материјализираат, претворајќи се во нивна стварност, застанувајќи им пред нивниот животен пат.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
За обичен поединец чиј кус животен пат протрчал низ неколку ропства, зар е чудно, во момент на разочарување да прифати и некое од тие ропства.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)