животен (прид.) - приказна (имн.)

Дозволи ми семето од цвеќиња што го посеа да го изникнам, нотите во песна да ги претворам, зборовите во животна приказна.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
А парадоксот на мојата животна приказна е тоа што после сета таа иронија премногу го сакав и многу барав од животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ја раскажува својата животна приказна.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во терапијата со Лена, значењето на „изневерување“, „живеење во лага“, „неблагодарен“ и „тој всушност не ме познава“ се тесно поврзани со нејзината животната приказна.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Значењето на задачата беше детално специфицирано, во согласност со Џоновата животна приказна.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ништо друго не ми е преостанато, освен да почнам да ја раскажувам мојата животна приказна. За мене, времето како да застанало.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Малку подоцна, Г-ѓа Морисон ќе ја запознае младата вереница Г-цата Робертс и ќе ѝ ја раскаже својата својата животна приказна: Во младоста, Марсиа (Г-ѓа Морисон), станува голема оперска ѕвезда во Париз, каде што и живеела.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
8. Она што во преминов ќе го сонуваат, ... овој терминално разигран пар, кога наскоро ќе заспијат, ќе биде прескокнато: секвенците од соништа се строго забранети во нивниот дом, па и ако е тоа само изнајмена соба на некој карипски или флоридски остров, најнов и последен во среќно протегнатата низа низ со работа исполнетите децении на нивните споени животни приказни.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сакав на Хелен Голдбаум да ѝ го покажам пасошот на непознатата личност чијашто идентификација и животна приказна ја добив на едно трето, сосем неочекувано место.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Можеби во таа геометрија има скриена симболика.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
ПРВАТА ЖЕНА: Добро, тогаш сите напади нема да ги опишувам, само оние што мене ми значеа, односно оние што можат да ја објаснат мојата животна приказна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)