животен (прид.) - сторија (имн.)

Како на тој предизвик одговара писателот Ванчо Николески?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Со судбината на историските личности, нивните индивидуални животни стории, писателот ја воспоставува нераскинливата врска со сопствениот народ, колективното егзистирање, што ќе рече оти како уметничко- естетска вредност романот е дело за една личност која во себе најубаво и најуверливо ги одразува и содржи сите народни идеали и се стреми кон општочовечките, униврзални димензии на егзистенцијата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Новиот наслов „Тибам Штркот“ е инспириран од животната сторија на нашиот јунак – Митре Стрелата.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Животни стории за судбините на луѓето, моите поблиски и подалечни роднини од кои речиси никого не познавав, но и на некои други личности од романот на минатото, архивирано и сега поттикнато од сликите и оживеано како во некоја чудесна кинотека на животот, со ликовите што, ете, влегле во малата семејна вечност на нашиот фотографски албум.  Сега, кога и самиот завлегувам во средното доба, фотографиите ги сакам и на еден друг начин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)