животен (прид.) - циклус (имн.)

Од 1961 година, кон крајот на август, во овој мал град се одржуваат Струшките вечери на поезијата: на мост на истекот од езерото, каде што се формира Црн Дрим, се читаат песни од поети од светот, таму каде што јагулите-женки го почнуваат своето патување кон Средоземното Море потоа кон Саргасовото Море, кога се ближи времето на затворање на животниот циклус.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Додека идеологиите го пресечуваа патот на луѓето, браните се закануваа на патот на јагулите, како и нивниот животен циклус.”
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Со оглед дека романот се одвива во временски распон од една година и дека односот на историјата на селото и Симоновиот предок Никола Поцо се повторува и во судбината на Симон и во неговиот однос со селаните, забележливо е внесувањето на уште една димензија на романот, онаа која укажува на можноста од цикличноста на историјата, инаку карактеристична за митското време во кое, во рамки на дневниот, годишниот или подолг временски период, циклично се појавува смената на денот и ноќта, годишните времиња, но и животниот циклус, смената на владателите итн.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)