заборавен (прид.) - дом (имн.)

Се вратив во заборавениот дом (Речиси незабележлив среде шумата од зборови) Овде сѐ е приготвено во вид на копнеж Како во собата на Алхемичарот кој штотуку И се приближил на формулата за објава на златното доба (Мислам дека станува збор за нестварни одаи Или за скалила што водат кон нив)
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Оддалечувањето од нашата родна Албанија, и малите, речиси непостојни изгледи некогаш да се вратиме во неа, мајката со врските клучеви да ги отвори бравите на нашиот заборавен дом, го оставаше отворен цариградскиот хоризонт, за да пристанат еден ден на босфорскиот брег остварените таткови илузии.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)