заграден (прид.) - простор (имн.)

Паднале 100.000 луѓе, чии коски се закопани под овој голем споменик, чија грандиозност ја надополнуваат огромните димензии на неговата заокруженост во заградениот простор на слободното поле.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таму, во мал заграден простор се садеше грав, пипер, праз, зелка, домати, сѐ што можеше да вирее на ова место, сѐ што беше потребно за едно пристојно поминување.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дворот на Прифатниот центар беше голем, имаше три нивоа изделени со потпорни ѕидови: на првото ниво беше главниот влез со објектот за сместување на жените и малиот ресторан, на второто ниво на двете страни, под високите ореви се наоѓаа приземни лимени магацини, а на третото ниво, на самиот врв од заградениот простор со талпи, на работ каде што започнуваше боровата шума, беше поставена мала барака, позната како осматрачница.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Керол Ломбард ја чула мојата забелешка: „Актерите се стока”, и кога дојдов на објектот, затекнав неколку грла стока во мал заграден простор. Тоа беше нејзино дело.“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се појавува мажот ⥊ кој ⥊ ја дава судбоносната чаша со млеко.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)