загрижен (прид.) - лице (имн.)

- Сакаме да растеме во чиста средина, да живееме безгрижно детство!!! - тоа беа некои од натписите издигнати високо врз загрижените лица на деца и возрасни.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Треба да се побегне од сето ова, од самиот себе, од сивите загрижени лица на минувачите, да се распливне човек и како смрт да биде неспособен да открие во човечките очи заклани соништа, да се распливне и да отпатува во неизвесност како облак во безоблик за да не гледа мртви птици во туѓи очи, за да не слуша крик во пресечени грла. И туѓи песни крик - Марлен, Марлен, Марлен!
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)