заден (прид.) - врата (имн.)

И не чекајќи ни да запре возот сосема, на знак на Белича, обајцата искокнаа на задната врата и преку шините што блескаа од утринската роса, се изгубија во темнината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во моментот кога Лилица излезе од таксито од левата задна врата, Андон ѝ пристапи, ѝ кажа нешто сосема кратко и двајцата се упатија во жолтата зграда пред која, свртен кон реката и задреман под врбата седеше Таки.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Држење на пролите во континуиран страв од војна и набљудување од Големиот брат, вовлекување подмолно на систем на фашизам од задна врата, оков на нашиот врат.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
— Отвори ми ја задната врата, велам, да не излегувам откај што влегов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едни сметаат дека Рузвелт имал информации за подготовките на нападот на Јапонија врз Перл Харбор, меѓутоа, не ги известил воените експерти во Перл Харбор, со единствена цел — да ги внесе САД во војна со Јапонија "од задна врата".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)