задолжителен (прид.) - контролен (прид.)

Покрај тоа, воведена е можноста од из- земање од задолжителниот контролен преглед за оние корисници на пензија кои страдаат од оние заболувања кои се утврдени со Правил- никот за организацијата, составот и начинот на работа на Комисијата за оцена на работната способност (чл. 34), додека ригорозноста околу јавувањето на задолжителен контролен преглед е ублажена со воведу- вањето на можноста исплатата на пензијата да не биде запрена за оној корисник на пензија кој нема да се јави на задолжителен контролен преглед поради оправдани причини (болничко лекување во земјата или странство) (чл. 40).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
До донесувањето на решението по извршениот задолжителен контролен преглед, осигуреникот добива времена инвалидска, односно семејна пензија, кое право му престанува ако не се јави на задолжителниот контролен преглед во утврдениот рок, или во случај при контролниот преглед кај него да не биде утврдена инвалидност, односно неспособност за работа (чл. 3 и 7).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Понатаму, воведен е задолжителен контролен преглед, кој се врши во период помеѓу една и две години од денот на утврдената инвалидност, од страна на комисија составена од доктори специјалисти, во установа определена од министерот за труд и социјална политика.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Што се однесува до промената што настана во поглед на оваа материја во 2008 година, веројатно поради превид, односно заборавање дека по измената на соодветниот член во 2006 година следуваше негова измена и во 2007 година, настрада можноста исплатата на пензијата да не биде запрена за корисникот на пензија што нема да се јави на 95 задолжителен контролен преглед поради оправдани причини (чл. 10, ЗИДЗПИО/24.дек.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)