законски (прид.) - мерка (имн.)

Вреди да се одбележи дека со оваа пресуда, и покрај ригорозните и репресивни законски мерки насочени против организирањето штрајк, се востанови еден одличен судски преседан дека „блокадите се суштина на синдикалното делување“ (зат. цит. – стр. 3).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Авторитетот на државата еродира на самиот врв благодарејќи им на трансевропските законски мерки од Брисел и на меѓународните економски врски, како и на дното благодарејќи им на локалните и етнички интереси; притоа ниеден од тие елементи не е доволно силен да го замени државниот авторитет.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Не го вратија и покрај тоа што властите им се закануваа дека ќе почнат со преземање на законски мерки и тоа по ред, по список.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Именуваниот суд (преку судијата С.Зиков како претседател на советот), постапувајќи по тужбата, а по пет одржани рочишта за главна расправа и по повеќе од година и пол, во декември 2006, донесе позитивна пресуда во корист на Ристевски со која неговото тужбено барање се усвојува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)