закопан (прид.) - тука (прил.)

Тоа силно го трогна, по првпат некој од Акиноските оставаше завет да биде закопан тука, во Потковицата, на Горник, заедно со луѓето со кои го поминал векот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Овдека, во Потковицата, не постои предание дека тој, првородственикот Акиноски, е закопан тука некаде, такво нешто немало запишано во тефтерот Акиноски, а и науката не располага со податоци каде му се најдува гробот на Григорие Акиндин.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но имајќи го во вид фактот дека тој починал цела половина век пред да ја завојуваат Турците Потковицата, а и она, со тефтерот Акиноски, дека неа ја поседувале Акиноските уште одамна пред да биде завојувана од страна на Турците, може да се претпостави дека Загориче било основано во првите векови по населувањето на Славјаните во границите на Византија, може во 10. или 11. век, односно многу порано од она што го тврди науката дека пелагонските населби и села настанале во 17. и 18. век, групирајќи се околу турските чифлизи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)