закупен (прид.) - брод (имн.)

Одбрани луѓе, во ексклузивен хотел на морето, коктели, прошетки, приеми од страна на министри и градоначалници, возење со посебно закупен брод, размена на книги, телефони и адреси.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И уште нешто што ти секако не го знаеш, а што говори во прилог на ова што го тврдам јас, е еден извештај за движењето на трговијата преку Трст, објавен во “Цариградски весник“ од 30 септември 1859 година, во кој Никола Поцо се споменува како трговец кој извезол волна на закупен брод во некоја од земјите отаде споменатото големо пристаниште на најсеверниот дел од Јадранското Море.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)