заостанат (прид.) - придонес (имн.)

До тој момент тие сè уште имаа побарувања за неколку неисплатени плати, како и заостанати придонеси.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2 Спорот настана на почетокот на 2008 година, кога поголема група работници бесправно беа избркани од работа и прогласени како технолошки вишок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А во поглед на тужбеното барање за исплата на придонесите во ФПИОМ – и тоа за период од седум и пол години (од 1994, па до средината на 112 2001 год.), судот определи постапката по тужбата да продолжи и по правосилноста на делумната пресуда – бидејќи туженото претпријатие имаше склучено Договор за наплата на заостанати придонеси од пензиско и инвалидско осигурување со ФПИОМ, од јуни 2000.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со намалувањето на продажбата и лошото раководење настанаа услови за влошување на работната атмосфера и условите за работа, како и нередовност на платите и нивно исплаќање во најразлични производи од компании кои своите обврски ги подмируваа со компензација т.е. взаемно пребивање на побарувањата или нивно намирување во натурален облик.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот наложи Марковски да се врати не на истото работно место на кое се наоѓаше пред неоснованиот отказ, туку „на работно место соодветно за неговата стручна подготовка“ – ССП, како и да му ги обезбеди другите права од работен однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)