западен (прид.) - земја (имн.)

Најстариот брат таинствено нѐ смируваше. Тој се мешаше со Партијата и одеше на доброволни работни акции на кои започнаа да доаѓаат и млади од западните земји.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Занаетите продолжиле и по многу години откако Османлиите го напуштиле Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Надежите за подобар живот не се темелеа само врз уверувањето дека ќе дојде до важен исчекор во остварувањето на личните и политичките слободи и права, туку и врз убеденоста дека ќе се излезе од повеќегодишната економска криза, а животниот стандард набрзо ќе се приближи до оној на западните земји.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во него биле сместени, покрај генералните конзулати на големите сили и на балканските држави, и повеќе трговски претставништва и агенции на западните земји.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Имено, наместо да означува трансформација на (поголемиот дел од) општествениот и државниот капитал во приватен и воведување на пазарни механизми во економијата, овој поим беше ефемеризиран до значење – достигнување на стандардите на западните земји во политичката и особено во економската сфера.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Според него, спроведувањето на сеопфатна и инстантна приватизација, функционирањето на економијата со што помала државна интервенција и вербата во семоќта на приватната иницијатива ќе доведат до подигање на животниот стандард на сите граѓани, богати и сиромашни, на нивото на западните земји.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Занаетите процветале за време на Османското Царство и тие биле еден вид замена за индустријата која се развивала во западните земји.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)